СПОРТ

Барселона со нови мерки за справување со пандемијата

Раководството на Барселона презеде нови мерки за справување со економското влијание на пандемијата на коронавирус.

Поради намалувањето на приходите, работното време на сите вработени ќе се намали и платите ќе се намалат пропорционално. Одлуката беше објавена по состанокот на директорите на клубот, што беше спроведена преку видео-врска.

– Мерките се целосно во согласност со законот за работни односи и принципите на правичност и пропорционалност. Нашата цел е да го обновиме функционирањто на клубот што е можно поскоро, се вели во официјалната веб-страница на Барселона.

Претходно беше донесена одлука за намалување на платите на играчите на Барселона.

Спортските капацитети на клубот, сепак, ќе преминат на одделот за здравство во Каталонија, за употреба по потреба.

Поврзани вести

Поранешен играч на Реал Мадрид го нарачал нападот врз Дарко Ковачевиќ

Јувентус на Сари е подобар од оној на Алегри

Тодоров кажа каде ги гледа двете шанси за учество на ЕП во 2021 година

Maja_Serafimova

Лилард предложи НБА да организира нокаут турнир со 30 екипи

Мешков Брест со победа си замина од Битола

Митревски најдобар голман за октомври во СЕХА

Maja_Serafimova