СПОРТ Фудбал

Бејл помина прегледи, ќе игра за Тотенхем

Герет Бејл беше подложен на задолжителни лекарски прегледи пред да го финализира трансферот во Тотенхем.

Ова се случи вчера во Мадрид, а денес Велшанецот ќе патува со приватен авион до Лондон и ќе го иницира својот личен договор со „спарси“.

Со него ќе лета уште еден играч на Реал – левиот бек Серхио Регилон, кој исто така ќе стане играч на Тотенхем, но со постојан трансфер. Вчера и Шпанецот беше на медицински прегледи.

Според „Скај Спортс“, едногодишниот престој на Бејл во Тотенхем ќе го чини клубот околу 20 милиони фунти, вклучувајќи пари за платата на Велшанецот и цената на изнајмувањето.

Поврзани вести

Јуниорите го освоија турнирот во Шумен

Влатко Зорба

Солскјер: Вистинска привилегија е да се биде менаџер на овој состав

Влатко Зорба

Суарез потпиша со Атлетико Мадрид, Симеоне тргнува и по Кавани

Александар Петровски

Мејведер сака 600 милиони долари за борба против Хабиб

ФИФА: Светското клупско првенство од 11 до 21 декември во Доха

user5

НБА лигата изготви план за продолжување на тренинзите по 8 мај