СПОРТ Фудбал

Бејл во фокусот на Бекам и Интер Мајами

Поранешниот репрезентативец на Англија, Дејвид Бекам сака крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Герет Бејл да биде првата голема sвезда во неговиот клуб, Интер Мајами. Бекам е амбициозен неговиот тим да биде сериозен фактор во својата дебитантска сезона во МЛС лигата оваа година, а неодамна стана јасно дека двојниот освојувач на Копа Либертадорес – Диего Алонсо, ќе застане на чело на тимот.

Целта на Бекам сега е да изгради состав околу sвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл, пренесува „Дејли Мејл“. Не е тајна дека мадридскиот клуб се обидува да се раздели со Бејл и неговата огромна плата, а самиот фудбалер не ја крие својата лутина од односот на раководството кон него, бидејќи тој беше близу до трансфер во Кина во текот на летото, но тој беше блокиран од Перез.

За Бејл интерес покажува и Лос Анџелес Галакси, кој сака да добие ново сериозно име во составот, откако Златан Ибрахимовиќ замина по крајот на минатата сезона и се пресели во Милан.

Поврзани вести

Рашфорд: Тоа што го направивме минатата година во Париз, треба да го повториме и против Сити

Никола Поповски

Љунберг: Верувам дека Арсенал може да се најде во топ 4

Влатко Зорба

Солскјер се сретна со Ерлинг Холанд, главната трансфер цел на клубот

Maja_Serafimova

Парма во изолација, еден заразен со корона

Влатко Зорба

Куман: Не можам во моментов да ја водам Барса, затоа ги одбив

Кавани донел одлука за својата иднина

Влатко Зорба