СПОРТ

Бекер на суд затоа што не ги предал трофеите од Вимблдон

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се појави денеска на суд во Лондон, обвинет дека не предал два трофеја од Вимблдон, кои требало да ги продаде за да ги подмири долговите.

Бекер, кој прогласи банкрот во 2017 година, не предал два трофеја од Австралија опен, според новото обвинение од 28 точки, во кое се тврди дека тој не се придржувал до наредбата за откривање на информации.

Бекер се изјасни како невин по сите обвиненија.

Тој наводно криел имот и 1,3 милиони долари на банкарски сметки.

Бекер требало да предаде трофеи од Вимблдон во 1985 година, кога како 17-годишник стана најмладиот освојувач на трофеј на тој грен слем во Лондон, како и од 1989 година, пренесува Бета.

Тој исто така го освои Вимблдон во 1986 година. Го освои Австралија опен во 1991 и 1996 година.

Бекер живее во Лондон, а беше известен дека судењето ќе започне во септември следната година.

„Тој е решен да се соочи и да ги оспори сите обвинувања и да го врати својот углед“, рече адвокатот на Бекер.

Поврзани вести

Нова жртва од коронавирус во светот на фудбалот

Икер Касилјас се кандидира за претседател на ФС на Шпанија

Роналдо останува во Португалија уште неколку дена

Мамиќ во свој стил: Сите кои лошо зборат за Новак Ѓоковиќ прво да ги дезинфицираат устите

НБА-клубовите очекуваат натпреварите да продолжат во јуни празни трибини

Нов гол за Бабунски во втората јапонска лига (ВИДЕО)