СПОРТ Фудбал

Бензема за споредбите со Жиру: Не ја мешајте Формула 1 со картинг

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го сподели своето мислење за напаѓачот Челзи и француски репрезентативец Оливие Жиру. Бензема не е повикан во националниот тим од 2015 година, поради уцена со интимното видео на Метју Валбуена.

– Ќе одговорам еднаш засекогаш. Ќе бидам краток: да не ја мешаме Формула 1 со картинг. Ова е што имам да кажам. Не сакам повеќе да зборувам за него. Знам дека јас сум Формула 1, напиша Бензема на својот Инстаграм.

Жиру со француската репрезентација е актуелен светски шампион и вицепрвак на Европа.

Бензема за „триколорите“ има одиграно 81 натпревар и постигнато 27 гола.

Поврзани вести

Олимпискиот оган денеска ќе им биде предаден на организаторите на „Токио 2020“

Тотенхем може да го загуби Сон, Јужнокореецот флертува со Наполи

Влатко Зорба

На премиерлигашите ќе им биде понудено тестирање на коронавирус двапати неделно

Игуаин се сели во МЛС?

Екс фудбалер на Шалке ја изрежирал својата смрт за да собере пари од осигурување

Левандовски: Задоволен сум од рекордот, но јас сум фокусиран на мојата игра и тренинзите

Maja_Serafimova