СПОРТ Фудбал

Буфон: Роналдо е причината зошто се вратив во Јуве, имам дресови од синовите на Киеза, Малдини и Веа

Легендарниот голман беше фантастичен на натпреварот во Купот против Милан, кој заврши 1-1.

Веројатно најдобриот играч на Јувентус во првиот полуфинален натпревар има 42 години, но тој сè уште не е подготвен да ги обеси ракавиците. Зошто би заминал во пензија, ако се уште може да ги запре ударите како што го направи тоа синоќа?

„Причината зошто сè уште играм е затоа што мислам дека можам да играм на највисоко ниво. Враќањето во Јувентус ми донесе нова мотивација. Се чувствувам силно, имам посебни мотиви и се чувствувам одговорно. Со оглед на тоа како игравме, мислам дека 1: 1 е добар резултат за нас “, рече долгогодишниот чувар на мрежата.

Работата во реваншот ќе биде многу полесна, бидејќи Милан ќе биде ослабен со тоа што не игра тројца важни играчи. Реваншот од полуфиналето ќе го пропуштат Тео Хернандез, еден од најдобрите играчи на Милан оваа сезона, Кастиљехо и напаѓачот Златан Ибрахимовиќ.

„Не знаев дека Ибра ќе го пропушти реваншот. Се насмевнав кога слушнав. Иако има 38 години, тој прави разлика. Кога анализирате играчи, не можете да погледнете колку години се тие. Мило ми е што Ибрахимовиќ одлично се снаоѓа, тој е шампион. Погледнете го и Кристијан Роналдо. Една од причините зошто дојдов во Јувентус, за да играм и да тренирам покрај него “, вели Буфон, зборови.

Долгогодишниот голман на италијанската репрезентација го замени својот голмански дрес со дресот на младиот дефанзивец на Милан, Даниел Малдини, по мечот.

„Колекцијата сега го вклучува дресот на Енрико Киеза и неговиот син, Џорд Веа и неговиот син и Паоло Малдини и неговиот син. Идам понатаму, сега ги чекам внуците, за да сменам дресови со нив“, се пошегува Буфон со италијанските новинари.

Поврзани вести

Барса нема да биде шампион на Шпанија доколку сезоната не заврши нормално

Влатко Зорба

Официјално: Матиќ останува во Јунајтед уште 3 години

Влатко Зорба

Зидан без Винисиус, Бејл и Родригез против Легањес

user5

Бејл имитира како игра голф за време на тренинг со Реал (ВИДЕО)

Роџерс по поразот од Ливерпул: Горд сум на мојот тим

Влатко Зорба

Челзи со реми ја започна Новата година

Никола Поповски