СПОРТ Фудбал

Чави изрази желба да се врати во Барселона

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Чави Ернандез, кој е тренер на катарскиот Ал-Сад, зборуваше за неговата желба да се врати во каталонскиот клуб.

– Очигледно, сакам да се вратам во Барселона и возбуден сум. Благодарение на искуството што го стекнав, сега гледам дека можам да придонесам за развојот на тимот. Јасно кажав дека се гледам себеси во проект што ќе се гради од нула и во кој одлучувањето би останало на мене. Јас сакам тимски игра. Би сакал да работам со луѓе во кои имам целосна доверба. Во соблекувалната на тимот не може да има ниту еден „токсичен“ играч“, изјави Чави.

Неодамна, по оставката на Ернесто Валверде, тој одби да го предводи тимот со образложение дека не е вистински момент за такво нешто.

Поврзани вести

Грнчаров најави промени во ростерот на МЗТ Скопје

Никола Поповски

СЗО ја повикува УЕФА да ги прекине меѓународните турнири на 18 месеци

Вејтерс се договори со Л.А. Лејкерс

Робертсон: Натпреварот против Атлетико е живот или смрт, се надеваме дека ќе ја завршиме работата

Зидан нема изгубено финале со Реал Мадрид

Никола Поповски

Дибала: Му објаснив на Роналдо зошто го мразиме малку во Аргентина

Влатко Зорба