Кошарка СПОРТ

Дамјан Стојановски играч на колото во АБА2 лигата

Третата победа по ред на МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата, остварена во вторникот на домашен терен против Рогашка (74:54), го донесе и третото во низа индивидуално признание за најкорисен кошаркар на колото.

По Нуни Омот и Џабари Хиндс, овој пат МВП-наградата заврши во рацете на Дамјан Стојановски, кој средбата против словенечкиот тим ја заврши со 18 поени, девет скока и пет украдени топки.

Во следното коло МЗТ Скопје повторно ќе игра на домашен терен. Во СЦ „Јане Сандански“ доаѓа Борац Чачак кој иста така има максимални три победи во досегашниот тек од сезоната во АБА2-лигата.

Поврзани вести

Дефинитивно: Коронавирусот ги одложи и Олимписките Игри

Властите на Ливерпул истражуваат како натпреварот со Атлетико влијаел врз ширењето на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Навивачи на Рома со навреди на расна основа кон фудбалерот на Сампдорија

Maja_Serafimova

Никола Јокиќ – буцкото кој сакаше бурек, рамо до рамо со Леброн

Stefanija Kuzmanovska

Каталонските власти одобруваат референдум за гласање недоверба на претседателот на Барселона

Артета: Играчите мора да ја преземат одговорноста за своите постапки на теренот