СПОРТ Фудбал

Де Лаурентис има намера да ги казни играчите на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис има намера да ги казни играчите на тимот. Вкупната казна може да изнесува 2,5 милиони евра.

Најголемата казна му се заканува на играчот од средниот ред Алан, кој би можел да загуби 200 илјади, пренесува „Ла Газета дело Спорт“.

Претходно, Де Лаурентис им нареди на фудбалерите и тренерскиот штаб да бидат во карантин поради лошите резултати, но фудбалерите по натпреварот од 4. коло од групната фаза на ЛШ против Салцбург (1:1) ја игнорираа оваа инструкција.

Италијанските медиуми објавија дека еден од иницијаторите на бунтот е Алан.

Поврзани вести

Ангеловски: Најважно е што освоивме три бода

Влатко Зорба

Федерер во 2020 од сите турнири на земја ќе игра само на еден турнир и тоа „Ролан Гарос“

Влатко Зорба

Еден бараж двомеч за македонските ракометари за СП 2021

Меси: Мора да бидеме одговорни, останете дома!

Влатко Зорба

Големата победа на италијанскиот фудбал: Познат е датумот за продолжување на Серија „А“

Stefanija Kuzmanovska

Начевски и Николов ќе го судат финалето на ракометното ЕП