СПОРТ Фудбал

Де Роси ќе застане на чело на Фиорентина

Легендата на Рома, Даниеле Де Роси ќе ја започне својата тренерска кариера директно во Серија „А“. Новинарот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио тврди дека на поранешниот италијански интернационалец му било понудено да застане на чело на Фиорентина и тој прифатил.

Виолетовите моментално ги води Џузепе Јакини, кој го замени Винченцо Монтела во декември. Сепак, тимот продолжува со слаби игри и не е далеку од зоната за испаѓање. Во Италија се шпекулираше дека Фиорентина е заинтересирана за тренерот на Сасуоло, Роберто Де Зерби, а од вчера се споменува и името на Де Роси.

Во 2019 година, кога неговиот договор со Рома не беше обновен, Де Роси можеше да се пресели на „Артемио Франки“, но тој не сакаше да игра за друг тим во Италија и потпиша со Бока Јуниорс. Играчот од средниот ред официјално ја заврши кариерата пред неколку месеци и не крие дека планира да стане тренер. Тој сака да ги следи стапките на неговиот татко Алберто, кој долги години тренира деца на Академијата на Рома.

Лучано Спалети е исто така меѓу потенцијалните опции за нов тренер на Фиорентина, но тој сепак има договор со Интер и негово привлекување би било можно само доколку се плати оштета.

Поврзани вести

Федерер направил операција на коленото, го пропушта Ролан Гарос

Никола Поповски

Ла Лига бара „Ел Класико“ да се премести од Барселона во Мадрид

Влатко Зорба

Јасна е причината зошто Леви нема да го отпушти Почетино

Влатко Зорба

Седум клубови се против продолжување на Серија „А“

Влатко Зорба

МЗТ во третиот период го скрши отпорот на Сутјеска и стигна до победата

Роналдо наполни 35 години, Нејмар слави 28 роденден