СПОРТ Фудбал

Џенова пријави 14 заразени со коронавирус

Калчолигашот Џенова, во кој настапува најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, пријави 14 заразени со коронавирус. Освен играчи, биле пријавени и членови на стручниот штаб.

Од таборот на италијанскиот тим не истакнуваат за кои играчи станува збор и дали Горан Пандев е меѓу позитивните.

Тестовите биле направени денеска, после вчерашното гостување на екипата во Неапол. Целиот тим е веднаш ставен во изолација.

Претходно Џенова информираше за два позитивни случаи на Ковид-19: голманот Перин и фудбалерот Шене.

Сега ќе треба да се тестира и тимот на Наполи во кој игра Елиф Елмас.

Поврзани вести

Антиќ за одлуката да не се доигра сезоната: МЗТ Скопје почнаа војна, а не дојдоа ни на разговор

Јас и Чави како тандем на клупата е можна идеја, смета Иниеста

Никола Поповски

Зидан без Винисиус, Бејл и Родригез против Легањес

user5

НБА легенда ќе седне на клупата на Бруклин Нетс

Никола Поповски

Црвена звезда потклекна во последната четвртина, прва гостинска победа на Реал

Колина презема „сè“ поврзано со ВАР технологијата

Влатко Зорба