Други спортови СПОРТ

Џонс им се смее на фановите: Се шегувате кога велите дека Хабиб е најдобриот на сите времиња, нели?

Хабиб Нурмагомедов ја одбрани светската титула во лесната категорија на УФЦ против Џастин Гејџ во саботата, а потоа реши да се збогува со својата ММА кариера.

После борбата многу се зборува за тоа кој е најдобриот ММА борец на сите времиња, и додека многумина веруваат дека титулата му припаѓа на Хабиб, Џон Џонс не се согласува.

„Им се обраќам на сите фанови на Хабиб. 15 светски титули наспроти неговите четири. И навистина се расправате кој е најдобриот борец на сите времиња? Се шегувате, нели? 15 наспроти четири, дали вие се шегувате со мене?“, рекол Џонс.

„Единствената личност што можеше да го загрози мојот рекорд и она што го направив во УФЦ е Жорж Сент-Пјер. Тој ќе мора да се врати и да победи во уште две борби за титула за да ме стигне. А јас сè уште не сум се збогувал со кариерата. Имам 33 години и уште едно поглавје што треба да го поминеме. Вие сте луди. Ве сакам многу“, констатира Џонс.

Џонс исто така изјавил дека Хабиб штотуку започнал да се бори против најдобрите во светот.

„Вашиот аргумент е дека тој е подоминантен? Тој само што започна да се бори на врвно ниво. Можете ли да ме замислите мене против 10-тиот борец во категоријата?“, рекол борецот.

Поврзани вести

Нови случаи на коронавирус во италијанската Серија А

Неизвесна трката во Ф1 за Големата награда на Кина?

Никола Поповски

Снајдер се враќа на терените

Наполи нема да ја намалува цената на Кулибали

Фетел: Мислам дека Ферари докажаа дека можат да го создадат најбрзиот автомобил на патеката

Пол Џорџ: Ова што го прави Лука Дончиќ на негова возраст е импресивно