Кошарка СПОРТ

Џордан се расплака: Коби ми беше како брат, му давав многу совети (видео)

Емотивен говор на Мајкл Џордан на комеморацијата на Коби и Џиџи Брајант.

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан плачеше кога беше на ред да се обрати на Прославата на животот, на комеморацијата на Коби и Џиџи Брајант во Стејплс Центарот.

Тој дури не се обидуваше да ги сокрие солзите.

“Со Коби беше како да имате мал брат. Вие знаете и само, малите браќа ве мачат. Тие влегуваат во вашата соба, во вашиот плакар, ги земаат работите, вашите играчки. Тие се многу заморни. Така, Коби знаеше да се јави во два, три наутро. Да му кажам за кошарката, да ме праша за работата на нозете, дриблинзите, триковите “, зборуваше Џордан.

„Тој сакаше да биде најдобриот кошаркар што можеше да биде, и јас сакав да бидам најдобриот постар брат што би можел да бидам“, продолжи „Летечкиот Мајк“ додека солзи му течеа по образите.

“Коби знаеше како да ви пристапи на посебен начин. Тој дури можеше да биде напорен, но да го извлече најдоброто од вас. Пред неколку месеци, тој во порака ми кажа дека ја учи својата ќерка некои нови трикови и тој ме праша што мислам јас додека тренирав кошарка на 12-годишна возраст, и одговорив: „Јас тогаш тренирав бејзбол“, по што се насмеа цела сала.

„Умиравме од смеа и сето тоа продолжуваше во два часот наутро“, се присети на кошаркарската легенда.

„Дел од мене умре со Коби. Јас ќе продолжам да живеам и во сеќавање ќе го чувам мојот помал брат. Почивај во мир, брате“, заврши Мајкл Џордан.

Поврзани вести

Руни: Владата и раководителите во фудбалот не третираа како „глувци за тестирање“.

Бејл барал јавно да не се објавува тежината на неговата повреда

Maja_Serafimova

Интер ќе потпише со Ериксен

Никола Поповски

Кармело Ентони потпиша со Портланд

Мурињо: Мора да се подобри играта во одбрана

Никола Поповски

Пораз на машкиот ракометен национален тим од Кувајт

Никола Поповски