СПОРТ Фудбал

Дошол со кеса од супермаркет, дал гол на дебито и си заминал со такси

Ново чудо се раѓа на „Камп Ноу“. Барселона лесно го совлада Ференцварош како домаќин во првото коло од Лигата на шампионите – 5: 1 (2: 0), а меѓу стрелците бил и Педро Гонзалес Лопез, познат под прекарот Педри.

17-годишниот Педри го постигна својот дебитантски гол за Барселона, но она што е интересно е што се случило пред и по натпреварот од елитното натпреварување.

Имено, Педри влегол во зградата на „Камп Ноу“ со кеса во рацете, а на социјалните мрежи кружи шега дека тој застанал во супермаркет пред натпреварот.

Роналд Куман му дал шанса во 63. минута наместо Ансу Фати, а Педри возвратил со постигнат гол.

Тоа била причина шпанските медиуми да започнат да го возвишуваат до sвездите, да го споредуваат со легендарниот капитен Андрес Иниеста, но Педри (сè уште) не го сака тој епитет.

Ова е потврдено со фактот дека по неговиот деби гол во дресот на каталонскиот гигант, тој едноставно си влегол во такси и си заминал дома.

Поврзани вести

Конте инсистира да го има Видал

Верстапен: Хамилтон е еден од најдобрите, но не и бог

Одби понуда од Џенова: „Корпа“ од Гатузо за Сампдорија

user5

Гундоган: Ливерпул ја заслужува титулата

Ѓоковиќ веќе година и пол се изгладнува по 16 часа

Меси може да пропушти три натпревари во Барселона поради карантин

Stefanija Kuzmanovska