СПОРТ Фудбал

Драконска казна од УЕФА: Двегодишна суспензија од ЛШ за Манчестер Сити!

УЕФА му изрече драконска казна на англискиот првак Манчестер Сити заради кршење на финансискиот фер плеј.

На „граѓаните“ им е забрането учество во натпреварувањата под покровителство на УЕФА, Лигата на шампиони и Лига на Европа во наредните две сезони.

казната не се однесува на постоечкиот циклус на натпреварување, па Манчестер Сити ќе ја продолжи борбата во елитното натпреварување во кое го чека двомеч со Реал Мадрид.

Освен суспензија, УЕФА го казни Сити и парично, па клубот ќе мора да плати дури 30 милиони евра.
УЕФА ја изрекла оваа жестока казна затоа што докажала дека „граѓаните“ повеќе пати ги кршеле правилата за лиценцирање и финансискиот фер плеј во периодот од 2012 до 2016 година.

Манчестер Сити има право на жалба на Спортскиот суд во Лозана.

Поврзани вести

Ајзеа Томас суспендиран на два меча

ППД Загреб минимално славеше во Битола

Реал по победата над Панатинаикос, и понатаму останува на врвот на Евролигата

Maja_Serafimova

Тен Хаг го откачи Баерн

Влатко Зорба

Барселона со пресврт го победи Леганес

Влатко Зорба

Ериксен одби да потпише нов договор со Тотенхем