СПОРТ

Дрогба ja понудил неговата болница за борба против коронавирусот

Поранешниот фудбалер на Челси, Дидие Дрогба, активно се вклучи во борбата против коронавирусот во родниот Абиџан, откако болница се гради под покровителство на неговата фондација, која им ја понуди на здравствените власти во борбата против „Ковид-19“.

Болницата сè уште не е завршена, но може да се искористи за згрижување на пациенти за време на кризата, а од фондацијата соопштија дека е на државата да го направи просторот функционален.

Од избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“ во Брегот на Слоновата Коска, четири лица загинаа, а 533 се заразени.

Дрогба во текот на својата кариера играше за Ле Ман, Марсеј, Челси, Галатасарај, Шангај, Монтреал и Феникс, оставајќи најголема трага во дресот на лондонските „сини“.

Тој одигра 340 натпревари и постигна 157 голови за тимот од „Стемфорд Бриџ“, освојувајќи ја ЛШ во 2012 година.

Запиша 105 настапи во националниот дрес и постигна 65 голови.

Поврзани вести

Саутгејт го отстрани Стерлинг од репрезентацијата

Баевиќ сака да го врати Врањеш во репрезентацијата на БИХ, но законот не го дозволува тоа

Ангеловски: Очекувам интересен натпревар, и подобриот нека победи

Александар Петровски

Пирова победа на Еурофарм Пелистер

Тоти: Буфон сака да игра до 50 години

Брутален напад од хрватски новинар: Многумина може да го загубат животот затоа што на Ѓоковиќ му се удираше топче