Други спортови

Доколку има „Ролан Гарос“ годинава, натпреварите ќе се играат пред публиката

„Ролан Гарос“ ќе се одржи годинава, навести шефот на Гренд-слем турнирот

Отвореното првенство на Франција, најверојатно, ќе се одржи оваа година.

Претседателот на тениската федерација, Бернард Жудичели, барем го навести тоа.

Поради пандемијата од коронавирус, вториот Гренд-слем на сезоната беше одложен, а наместо во мај, треба да се случи во септември, само една недела по УС Опен.

„Разговараме со АТП, ВТА и ИТФ. Работиме на календар за крајот на сезоната. Прерано е да се зборува за специфични датуми“, рече Жудичели.

Тој истакна дека е избегнато најлошото сценарио.

„Ние го избегнавме најлошото. Не го откажавме турнирот. Само што требаше да го одложиме за неколку месеци. Најважно е што ќе се одржи натпреварувањето, дека ќе бидеме таму за фановите на тенисот. Го спасивме најважниот турнир на земја, и тоа е важно“, додаде тој.

Тој заклучи дека, доколку има „Ролан Гарос“, натпреварите ќе се играат пред публиката.

Поврзани вести

Рекордни 85 милиони долари за Џошуа од реваншот со Руиз

ИААФ призна грешка, но нема да повтори трка: Шпанецот Ортега оштетен во финалето на 110 метри со пречки

user5

Федерер со предлог: Машкиот и женскиот тенис да се обединат

Влатко Зорба

Флојд Мејведер ќе го плати погребот на Џорџ Флојд

Ѓоковиќ сподели кои му се двете омилени победи во кариерата

Влатко Зорба

Осака избра јапонско пред американско државјанство

Влатко Зорба