Други спортови

Хабиб бил во болница пред три недели, го скршил стапалото

Дејна Вајт, првиот човек на УФЦ, отворено зборуваше за ситуациите со кои се соочил Хабиб Нурмагомедов.

Дагестанскиот борец по трет пат го одбрани шампионскиот појас во лесна категорија и реши да се повлече.

По Конор Мегрегор и Дастин Поарие, тој го победи и Џастин Геиџи.

Вајт по мечот изјави дека навистина мисли дека Хабиб ќе остане во пензија.

„Сите имавме среќа што го видовме по сè низ што помина. Исто така слушнав дека тој бил во болница пред три недели затоа што го скршил стапалото. Така, тој имаше два скршени прсти и скршеница на коската на стапалото“, рече Вајт.

Тој посочи дека Хабиб никому не кажал.

„Хабиб е едно од најжилавите човечки суштества на планетата и тој е светски број 1. „Јас сум сериозен, тој е еден од луѓето за кои може да се каже дека е најголемиот на сите времиња“, рече Вајт.

Првиот човек на УФЦ исто така истакна дека „мирисало на изненадување по мерењето“.

„Џастин изгледаше фантастично. Но, тој не личеше на себеси во рингот, дишеше тешко. Што се однесува до Хабиб, ако сака да се врати, ќе се врати, а ако не сака, нема. Едноставно е. Нека се опорави малку емотивно“, рече Вајт.

Поврзани вести

Фјури: Уште две борби и заминувам во пензија

Федерер: Коленото е добро, планирам да се вратам во јануари

Влатко Зорба

За неполн час игра Ѓоковиќ го преслуша Циципас

Влатко Зорба

Првата фаворитка елиминирана: Серена Вилијамс со пораз се прости од Австралија опен (видео)

Никола Поповски

Серена без борба се повлече од Ролан Гарос

Влатко Зорба

Петр Чех го бива и за хокеј: Одбрани два пенала и го прогласија за играч на натпреварот (ВИДЕО)

Влатко Зорба