Други спортови

Олимпијадата може и да не се одржи во 2021 година

Извршниот директор на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио, Тоширо Муто изјави дека не може да гарантира дека Игрите ќе бидат организирани следната година.

Тој го изрази тој став, и покрај фактот дека имало уште 16 месеци до новиот термин на Игрите.

Како што коронавирусот се шири во Јапонија, премиерот Шинзо Абе издаде итна изјава оваа недела за борба против вирусот, ставајќи ја земјата под различни ограничувања.

„Мислам дека никој не може да каже дали ќе биде можно да се стави под контрола вирусот до следниот јули или не. Сигурно е дека не сме во состојба да ви дадеме јасен одговор“, рече Муто на прес-конференција.

Минатиот месец Олимписките игри беа одложени поради пандемијата на коронавирус и треба да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.

Абе беше критикуван дека бил бавен во борбата против коронавирусот, а политичките водачи на опозицијата посочија дека тој го минимизира вирусот затоа што сака да биде домаќин на Олимпијадата оваа година.

„Донесовме одлука да ги одложиме Игрите за една година и сега можеме да работиме напорно само за да ги подготвиме Игрите. Искрено се надеваме дека следната година, човештвото ќе може да ја надмине кризата предизвикана од коронавирусот“, рече Муто.

До денес, во Јапонија се пријавени повеќе од 5.000 случаи на заразени од коронавирус, со 99 мртви. Новинарите исто така прашаа дали има алтернативни планови до 2021 година.

„Наместо да размислуваме за алтернативни планови, треба да вложиме многу напор во тоа … Човештвото треба да ја комбинира целата своја технологија и мудрост и да работи напорно за развој на лекови и вакцини“, рече Муто.

Муто беше, исто така, неколку пати прашуван за дополнителните трошоци на одложувањето, проценети од јапонските медиуми меѓу 2 и 6 милијарди долари. Тој рече дека е премногу рано да се знае цената и кој ќе ја плати.

Поврзани вести

Британски „Сан“ за дисквалификацијата на српскиот тениер: „Ова е ШОКовиќ“

Никола Поповски

Надал не верува во новата нормалност

Влатко Зорба

Башчински: Ѓоковиќ нанесе штета на тенисот, ние жените сме поодговорни

Stefanija Kuzmanovska

Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен за удирање на судија

Влатко Зорба

Официјално: Потврден датумот и местото на борбата Џошуа – Пулев

Рекордни 85 милиони долари за Џошуа од реваншот со Руиз