СПОРТ Фудбал

Елмас со првенец за Наполи во Серија А (видео)

Елиф Елмас го постигна првенец во Наполи во Серија А. Македонскиот репрезентативец го прослави на стадионот „Луиџи Ферарис“ во Џенова против Сампдорија во последниот меч од 22. коло.

Елмас е во стартниот состав на наполитанците во мечот што е во тек и во листата на стрелци се впиша во 16. минута по асистенција на Ди Лоренцо. Долгоочекуваниот погодок го прослави со многу емоции кои не можеше да ги исконтролира, па се расплака во прегратките на соиграчите.

Наполи води на полувреме со 2:1. Првиот гол за гостите беше дело на Аркадиуш Милик во третата минута, Елмас зголеми на 2:0 во 16. минута, а голот за домашните го реализира Фабио Квалјарела во 26. минута од пенал.

Поврзани вести

ФК Ренова: Најважно е здравјето, не нѐ интересира ПМФЛ

Пиоли по победата над Лацио: Веќе мислиме на Јувентус

Чалханоглу го спаси Милан и го однесе во полуфиналето на Купот на Италија

Никола Поповски

Баерн бара за Тијаго двојно повеќе отколку што Ливерпул сака да плати

Мбапе ќе отсуствува околу 3 недели

Влатко Зорба

Тренерот на Далас: „Каква 5G мрежа – Дончиќ ја гледа играта преку 6G“ (видео)

Никола Поповски