Други спортови СПОРТ

Емил Павлов го освои златниот медал на карате Премиер-лига во Сацлбург

Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија откако во финалниот меч со 5-4 го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо.

Павлов до победата стигна буквално со поен освоен во последната секунда и повторно како и на Европското првенство во 2019 година беше подобар од Италијанецот Крешенцо. Оваа победа е голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство и квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио.

Во борбите од главниот жреб кои се одржаа во петокот во полуфиналето Павлов беше подобар од Казахстанецот Даркан Асадилов со 2-1, а претходно ги добиваше и Мохамед Фахед од Јордан со 3-2, Ненад Дуловиќ од Црна Гора со 1-0 и Јертанек Баитурејев од Казахстан со 4-0.

Од останатите македонски каратисти Петар Спасеновски и Вероника Костовска го освоија седмото место, додека Фахик Весели заврши како деветопласиран.

Поврзани вести

Пјаниќ потпиша за Барса

Солскјер верува дека ќе остане во Манчестер јунајтед уште долго време

Maja_Serafimova

Поранешниот тренер на Арсенал, Емери може да го предводи Евертон

Maja_Serafimova

Фетел: Никој не знае до кој степен може да се контролира ситуацијата со коронавирусот

Бразилски баби претераа во навивањето (ВИДЕО)

Конте: Спортските тимови можат да се вратат на тренинзи на 18 мај