Други спортови СПОРТ

Ентони Џошуа во самоизолација по блиската средба со принцот Чарлс

Британскиот боксер Ентони Џошуа е во изолација по средбата со принцот Чарлс кој е позитивен на коронавирусот, потврди денеска неговиот портпарол.

Претходно денес беше објавено дека принцот Чарлс е позитивен за коронавирусот и има поблаги симптоми на болеста. Принцот Чарлс (71) се додава дека покрај овие благи симптоми останува во добра здравствена состојба и е во изолација во Шкотска.

Не е јасно од каде принцот Чарлс се заразил, но на 9 март, „Денот на Комонвелтот“, тој го поминал со кралицата, премиерот Борис Џонсон и sвезди од спортот и шоу бизнисот, вклучувајќи го и Џошуа.

Џошуа треба да се бори со бугарскиот боксер Кубрат Пулев на 20 јуни на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Поврзани вести

Деветти триумф во низа за Селтикс (ВИДЕО)

Де Роси се враќа во Рома како тренер на младинците

Нејмар: Односот со навивачите на ПСЖ се движи во позитивен правец

Никола Поповски

Мегваер: Јунајтед сака да се бори за титули, а не за место во ЛШ

Првите натпревари од новата НБА сезона не беа пренесувани во Кина

Maja_Serafimova

ФИФА ќе го одложи клупскиот светски шампионат за јуни 2022 година