Ракомет СПОРТ

Европскиот шампион гостува во Полска на Кјелце

Европскиот ракометен шампион, Вардар вечерва гостува кај полски Кјелце во рамки од осмото коло на Лигата на шампионите.

Дуелот ќе биде петта шанса за „црвено-црните“ да ја остварат првата победа над Кјелце на нивни терен. Натпреварот е прогласен од ЕХФ „меч на неделата“.

Тренерот Кокшаров има проблеми со повредени, откако кај Вардар ќе недостига Даинис Кристопанс. Кристијан Дисингер и Павел Атман се најдоа во составот на вардарци, но нејасно е колку ќе играат.

Во домашниот тим ќе го нема Јахлевски.

Вардар на гостински терен сезонава има две победи во ЛШ, во Монпеље и во Запорожје, додека единствено „падна“ во Веспрем.

Натпреварот започнува во 18:00 часот, а се игра во салата „Легионово“.

Поврзани вести

Го снимија Конор МекГрегор додека жена му орално го задоволува (ФОТО)

Мекларен го претстави „MЦЛ35“

Александар Петровски

За прв пат во историјата без Роналдо и Меси: Ова се 3 кандидати за УЕФА играч на годината

Александар Петровски

Куп на Шпанија: Атлетико Мадрид изненаден од третолигаш

Никола Поповски

Александар-Арнолд има голем сон да биде капитен на Ливерпул

Влатко Зорба

Скандал во Словенија: Селекторот на У21 ги малтретирал фудбалерите, не ги оставал ни да јадат?

Никола Поповски