СПОРТ

ФА го предлага Вембли за завршување на сезоната во Премиер лигата

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го предлага националниот стадион „Вембли“ и „Ст. Џорџ парк“, Националниот фудбалски центар, како стадиони за да и помогнат на Премиер лигата да заврши, пренесува „Тајмс“, повикувајќи се на извор запознаен со случајот.

„Вембли“ може да прифати неколку натпревари во ист ден, ограничувајќи го патувањето од објект до објект, веднаш штом ќе се олеснат мерките, се вели во информацијата, додавајќи дека навивачи тешко ќе бидат пуштени на стадионите. Фудбалот во Англија е прекинат од 13 март и неговото враќање зависи од медицинските препораки и поддршка од владата.

„Кога знаеме повеќе за механизмите за итни случаи и за излезните механизми, можеме да видиме кои опции се можни“, изјави извор за „Тајмс“.

„Ст. Џорџ парк“, кој има 228 соби за гости и 13 терени, од кои пет се осветлени, може да се користи како карантински тренинг центар, се додава во информацијата.

Поврзани вести

Американецот Џабари Хиндс повеќе не е играч на МЗТ Скопје

Македонската Еспорт Федерација меѓу основачите на Европска Еспорт федерација

Влатко Зорба

Ибрахимовиќ наскоро може да го носи дресот на Милан

Влатко Зорба

Гвардиола: Моето останување не зависи само од мене

Кристијан Поулсен во изолација

Stefanija Kuzmanovska

ФФМ со допис до УЕФА побара одложување на натпреварот со Косово