СПОРТ Фудбал

Фантастичниот Халанд ја продолжи гол серијата, Саул го сруши европскиот првак (ВИДЕО

Атлетико Мадрид победи со 1-0 против Ливерпул во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите, одигран на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Единствениот гол во судирот беше дело на Саул Нигес во 4-тата минута. Со нивниот настап против тимот од Мерсисајд, „јорганџиите“ потсетија на своите најдобри години помеѓу 2014 и 2016 година, кога одиграа две финалиња на турнирот, изгубени од Реал Мадрид.

За сите 90 минути, европскиот шампион не успеа да упати ниту еден прецизен удар кон Јан Облак, додека Шпанците имаа добра шанса за втор погодок, но не ја искористија.

Реваншот на „Енфилд“ ќе се одржи на 11 март.

Борусија Дортмунд пак оствари победа со 2-1 над Париз Сен Жермен во првиот судир од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Домаќините на „Сигнал Идуна Парк“ запишаа вреден успех, а јунак на вечерта повторно беше детето-чудо Ерлинг Халанд, кој ги постигна двата гола за германскиот тим во 69-та и 77-та минута.

Сепак, Нејмар постигна вреден гол на гостинскитерен за парижаните, што го остава францускиот шампион во игра за реванш-дуелот на „Паркот на принцевите“.

Поврзани вести

Њукасл подготвен да го врати Бејл во Премиер лигата

Роналдо загуби финале за прв пат од 2013 година

Влатко Зорба

Македонската репрезентација може да игра на ЕП со Германија, Франција и Португалија

Влатко Зорба

Лион ќе ја тужи Фудбалската федерација на Франција

Влатко Зорба

Ванеса Брајант со нова слика и порака на Инстаграм: Ми недостигаш… (фото)

Никола Поповски

Барса до Видал: Остануваш!

Влатко Зорба