Други спортови СПОРТ

Федерер ќе загуби преку 3.000 бода на АТП листата поради операцијата на коленото

Третиот светски тенисер во моментот Роџер Федерер ќе загуби преку 3.000 бода на АТП листата поради пропуштање на пролетниот дел од сезоната и потребата да се подложи на операција на коленото.

Швајцарецот соопшти дека од таа причина нема да ги брани ланските освоени бодови на тврда подлога и на земја и оти планира да се врати на АТП турот за сезоната на трева. Тој лани триумфира во Мајами и во Дубаи, играше во финале во Индијан Велс, во четврт-финале во Рим и во Мадрид и полуфинале на Ролан Гарос што преведени во бодови изнесува 3.180.

Федерер моментно има 7.130 бода што значи дека ќе падне под 4.000, нема да излезе од топ 10, но значително ќе го расипе својот пласман.

Поврзани вести

Србија загуби од Русите во Дејвис купот

Роналдо ја пофали жена му на Фиго: Да имав сопруга како него немаше да излезам од дома

Maja_Serafimova

ИААФ призна грешка, но нема да повтори трка: Шпанецот Ортега оштетен во финалето на 110 метри со пречки

user5

Младите прокоцкаа победа против Казахстан (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Голманска глупост во Бразил (ВИДЕО)

За освоената титула на ЕП: Српските одбојкари со 400.000 евра премија од ЦЕВ и дипломатски пасоши од државата

user5