Авто/мото СПОРТ

Фетел: Мислам дека Ферари докажаа дека можат да го создадат најбрзиот автомобил на патеката

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел смета дека тимот претрпел сериозен развој во последните години. Германскиот пилот, кој им се придружи на „црните коњчиња“ во 2015 година, верува дека Ферари е на вистинскиот пат, но има уште многу работа да се направи се додека екипата не го стигне Мерцедес.

Фетел смета дека стандардите поставени од Мерцедес се доста високи и ќе биде доста тешко за него и неговиот тимски колега Шарл Лелер да ја прекинат својата серија шампионски титули.

„Тимот направи огромен чекор напред од доаѓањето тука во 2015 година. Мислам дека Ферари докажаа дека можат да го создадат најбрзиот автомобил на патеката. Минатата година имавме свои силни и слаби страни. Не бевме силни цело време, но имавме добри времиња на одредени трки и во одредени трки“, вели Германецот.

„Мислам дека Мерцедес постави многу високи стандарди како тим. Нашата работа е да се израмниме со нив и да бидеме на нивно ниво. Она што го гледам во тимот – вниманието, желбата, аспирацијата, обидите на тимот да се подобри, е одлично. Ги имаме потребните квалитети, само треба да веруваме“, додаде четирикратниот светски шампион во Формула 1.

Новата сезона во најпопуларното автомобилско натпреварување започнува оваа недела со Гран-при на Австралија.

Поврзани вести

Чеферин: Одлагањето на ЕП многу ќе нè чини, но целта е поважна од профитот

Манасков: Немавме решение, не бевме подготвени за таа одбрана што ја одиграа Австријците

Јувентус ќе го продолжи договорот со Дибала за приближно 12 милиони евра годишно

Славија Прага освои бод на Камп Ноу

НБА лигата им препорача на клубовите да не прават тестови на играчи без симптоми на коронавирусот

Зидан воодушевен после „Ел Класико“: Победата носи прекрасно чувство, мило ми е и за Маријано