Авто/мото СПОРТ

Фетел: Поради парите напредуваат многу спортисти, но понекогаш доаѓа границата

Пилотот Ферари, Себастијан Фетел призна дека не знае дали е подготвен да го напушти елитниот тим за поголема плата. Претходно се појавија гласини дека Германецот може да си замине од Ферари во Рено или Мекларен.

– Не знам, не можам да кажам ништо. Се зависи од ситуацијата. Ако сте биле 15. откако се боревте цел живот за 18. место, може да изгледа дека ова е најдобриот момент во животот. Меѓутоа, кога се борите за првите пет, а потоа започнувате борбата за првите десет, ова е нешто друго. Но, кога поминавте десет години во првите пет, а потоа ќе станете 15., чувствата се сосема различни. Погледнете го Раиконен. Сега тој не може да се бори за победа. Секој сака да победи, во спротивно, нема да добиете задоволство. Целта ми е непроменета – да победам со Ферари. Мисијата не е променета. Во одреден момент, парите престануваат да бидат најважната работа. Но, секогаш постои желба да уживате во работата. Ако сте мотивирани од пари, борете се за нив. Поради ова напредуваат многу спортисти. Но, понекогаш доаѓа границата, изјави Фетел.

Новата сезона во Формула 1 требаше да почне минатата недела, но поради ситуацијата со коронавирусот, нејзиниот почеток е одложен на неодредено време. Бранител на трофејот е Луис Хамилтон.

Поврзани вести

Мурињо има повеќе победи, но Зидан има освоено повеќе трофеи

Влатко Зорба

Меси: Признавам дека малку бев вознемирен кога Роналдо ме стигна по бројот на освоени „Златни топки“

Maja_Serafimova

Наполи со победа против Лацио се пласира во полуфиналето на италијанскиот куп

Никола Поповски

Фудбалерите на Парма ќе носат дрес кој штити од коронавирус (ФОТО)

Александар Петровски

На Мурињо му се ветени 2 милиони фунти ако ги донесе Тотенхем во топ 4

Влатко Зорба

Црвена звезда потклекна во последната четвртина, прва гостинска победа на Реал