Ракомет СПОРТ

Филип Талески потпиша со Вардар

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески во следната сезона ќе биде дел од РК Вардар.

Понудата од новото раководство предводено од Михајло Михајловски била доволно привлечна за Талески кој предходно најавуваше останување во Германија.

Талески минатата сезона беше член на бундеслигашот Балинген, со кој не ја продолжи соработката, а по четири години се враќа во Македонија, откако претходно беше член и на Рајн Некар Левен.

Покрај Талески потврден е и францускиот голман Рибин Кантегрел, а договорите ги обновија Стоилов, Дибиров, Дисингер, Чупиќ и Калараш, за Вардар потпиша и Јагуриновски.
Вардар се поврзува уште со неколку квалитетни засилувања како, па во наредниот период се очекуваат уште позитивни вести од таборот на актуелниот европски шампион.

Поврзани вести

Објавена најновата АТП листа: Ѓоковиќ на врвот, уште 19 недели до рекордот на Федерер

Никола Поповски

Тоти: Буфон сака да игра до 50 години

Сити трета година по ред го освои Лига Купот на Англија (ВИДЕО)

Александар Петровски

Шпанија остана на европскиот ракометен трон

Влатко Зорба

Обамејанг ја разочара Барселона: Реал е клубот на моето срце

Суарез потпиша со Атлетико Мадрид, Симеоне тргнува и по Кавани

Александар Петровски