СПОРТ Фудбал

Флик: Нема смисла да се жалиме колку сме истоштени

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик не планира да направи големи промени на утрешниот натпревар против Хофенхајм, иако Баварците во четвртокот одиграа 120 минути против Севиља во натпревар за Суперкупот на УЕФА.

– Нема смисла да се жалиме колку сме истоштени. Дури и да сме уморни, можеме да се претставиме најдобро, рече тренерот на прес-конференција.

Сепак, 55-годишникот изјави дека повторно е во можност да направи пет замени, кои не можеше да ги добие во победата од 2:1 по продолженијата над Севиља во Будимпешта.

– И јас ќе ги направам, рече Флик.

Кингсли Коман ќе може да се врати на тренинзите по карантинот. Крилото имаше контакт со лице заразено со коронавирус.

– Коман вчера направи уште еден тест и ако биде негативен, тој може да тренира со нас денес. Ќе видиме како се чувствува. Можеби ќе може да игра 20 минути, што би било добро за нас, објасни Флик.

Баерн ќе гостува кај Хофенхајм во недела во 15:30 часот.

Поврзани вести

Сите играчи на Сити стануваат слободни агенти?

Влатко Зорба

Флојд Мејведер ќе го плати погребот на Џорџ Флојд

УЕФА делегира судии: Мечот Полска – С. Македонија му е доверен на Шпанецот Лахоз

user5

Сергеј Милинковиќ-Савиќ на мета на Челзи

Никола Поповски

Ибрахимовиќ наскоро може да го носи дресот на Милан

Влатко Зорба

Клоп: Ова беше единствениот начин на кој можеме да го победиме Сити

Влатко Зорба