СПОРТ Фудбал

Франција и Германија со нова идеја: До 1.000 луѓе на стадион

Властите во Франција и Германија спроведуваат нова шема за спречување на инфекција со коронавирус. Идејата е дуелите од локалните првенства да се играат пред максимум 1.000 луѓе.

Новото правило е веќе воведено во Лига 1 и исто така е предмет на дискусија за Бундеслигата. Во Франција, ограничувањето важи до 15 април, а клубовите имаат уште две опции.

– Или клубовите да продаваат максимум 1.000 билети, или ако претпочитаат да играат пред празни трибини, или да ги одложат своите мечеви. Ние сме во исклучителна ситуација. Спортот, исто така, треба да биде вклучен во севкупните напори за превенција. Сакам да им аплаудирам на сите за своето чувство на одговорност, рече поранешниот пливач.

Ограничувањето за кое станува збор, ќе важи и за контролите на репрезентацијата на Франција со Украина и Финска подоцна овој месец.

Се чини дека е прашање на време да се применат некои ограничувања и во германскиот фудбал. Првиот голем удар треба да биде дербито помеѓу Шалке 04 и Борусија Дортмунд во сабота. И има предлог за средби со најмногу 1.000 навивачи, но многу е веројатно дека спортските објекти ќе бидат целосно затворени.

Поврзани вести

Клупски рекорд на Торонто, ја совладаа Индијана со 46 поени разлика (ВИДЕО)

Нејмар: Односот со навивачите на ПСЖ се движи во позитивен правец

Никола Поповски

Сè повеќе клубови бараат краен рок за завршување на сезоната во Премиер лигата

Stefanija Kuzmanovska

Солскјер со пофални зборови го спореди Маркус со Роналдо

Maja_Serafimova

Ериксен за 18 милиони евра во Интер

За девет минути распродадени билетите за хуманитарниот меч Федерер – Надал