СПОРТ Фудбал

Фрнанцуски лекар: Лион-Јувентус е натпреварот кој го „донесе“ вирусот во нашата земја

Француски епидемиолог смета дека мечот меѓу Олимпик Лион и Јувентус во осминафиналето во Лигата на шампиони не смееше да се одигра. Со темата се занимаваат и угледните француски весници „Лекип“ и „Парисиен“ кои, исто така, сметаат дека фудбалската претстава на „Жерлан“ во Лион била еден од осигурачите за ширење на коронавирусот во Франција.
Тие наведуваат дека голем број фанови на Јувентус отпатувале во Лион да ги бодрат нивните миленици на гостувањето кај Олимпик. Дека има основа да се тврди такви нешто, смета и Марсел Гарига Греншан, пензиониран лекар и шеф на локалниот синдикат.
„Тој натпревар не смееше да се одигра. За тој меч пристигнаа навивачи од цела Италија, а не само Пиемонт. Иако Пиемонт тогаш не беше ризично подрачје, сепак, доволен е мал број на луѓе да го внесат вирусот во толпата. Верувам дека поради тој меч, се засили заразата“, вели Греншан.
Покрај мечот Олимпик Лион – Јувентус, многумина сметаат дека за ширење на коронавирусот се „заслужни“ и средбите Аталанта – Валенсија и ПСЖ – Борусија Дортмунд.

Поврзани вести

Серена ја бива и за бокс, тренираше со Мајк Тајсон (ВИДЕО)

Валверде му прости 36 милиони евра на каталонскиот клуб

СЗО ја повикува УЕФА да ги прекине меѓународните турнири на 18 месеци

Ето: Го воспитував Меси како мој син

Влатко Зорба

Џордан: Тажен сум и лут, доста беше веќе (фото)

Пораз на Лејкерс во дербито против Бостон, Лилард со рекорд на кариерата

Никола Поповски