Фудбал

АДСДП го демантира Мурињо за голот на „Тодор Проески“

АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата во одредени медиуми дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена „Тодор Проески“.

„Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен. По детално извршената проверка, од нивна страна беше потврдено дека се задоволени условите за одржување на натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот, висината на двата гола веднаш беше минимално корегирана.

На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра.

Во изминатите 20 дена на Националната Арена „Тодор Проески“ беа одиграни 5 меѓународни натпревари и сите ги поминаа ригорозните инспекциски контроли на УЕФА.

АДСДП смета дека ваквите написи, без дополнителна проверка на фактите се единствено на штета на спортот и спортските работници во државата, како и на максималните напори кои ги вложува раководството на АДСДП во одржувањето на Националната Арена „Тодор Проески“ според сите светски стандарди“, додаваат оттаму.

Англиски Тотенхем синоќа славеше со резултат 3:1 против Шкендија во Скопје, а менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо забележа и потврди дека пречката на еден од головите е помала.

Пред натпреварот, заедно со голманот Уго Лорис, тој посочи дека голот на стадионот „Тоше Проески“ е за пет сантиметри понизок.

Веднаш ги извести судиите, побара да се смени конструкцијата на тој гол, но немало време за тоа. Наместо тоа, голот беше подигнат до потребната висина.

„Веднаш забележав дека нешто не е во ред. Го поканивме делегатот на УЕФА да ги провери головите, а тој вели дека едниот е за пет сантиметри понизок. Побаравме да биде заменет“, изјави Мурињо.

Поврзани вести

Примен само еден гол во месец дена: Куртоа прогласен за најдобар играч за месец Јануари во Ла Лига

Никола Поповски

Руни: Јунајтед направи голема грешка со отпуштањето на Ван Гал

Фановите на Баерн го „најавија“ продолжението на Бундеслигата со среден прст

Влатко Зорба

Милан е заинтересиран за Милик

Јунајтед го испрати Чонг на позајмица во Вердер

Влатко Зорба

Озил веќе размислува да го напушти Арсенал

Maja_Serafimova