Фудбал

Алегри нема контакт со Јувентус

Агентот на Масимилијано Алегри категорично ги негираше гласините за договор со италијанскиот стратег со Јувентус.

„Враќањето на Алегри во Јувентус е само шпекулација, немаме никаков контакт. Мислам дека сака да работи во странство. Ова е негова желба сега, но во моментов нема договори со англиски, шпански или француски клубови“, рече Џовани Бранчини.

„Го чекаме вистинскиот момент да ги оцениме сите предлози и опции. Сега има екипи кои одлучуваат да ги сменат своите тренери или да продолжат да работат со нив“, додаде Бранчини, цитиран од „La Politica nel Pallone“.

Алегри работеше со „старата дама“ во периодот 2014-2019 година и освои пет шампионскi титулi, четири пати Купот на Италија и двапати Суперкупот. Во последните неколку недели, во печатот се појавија извештаи дека Јувентус планира да се раздели со тимскиот ментор Маурисио Сари. За Алегри се заинтересирани Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.

Поврзани вести

Сејдини стана нов член на Комисија во УЕФА

Влатко Зорба

Ибрахимовиќ на мета на Фиорентина

Maja_Serafimova

УЕФА сака националните првенства да бидат завршени

Лестер стана поголем тим од Манчестер Јунајтед, вели Линекер

Никола Поповски

Ремито во Белгија не го вознемири Анчелоти

Влатко Зорба

Елмас без партнерка на божиќната вечера на Наполи