Фудбал

Алкантара за едно полувреме сруши рекорд во Премиер лигата

Шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара дебитираше за Ливерпул во победата на гостувањето кај Челзи (0:2), а само 45 минути поминати на теренот беа доволни за да собори рекордот во Премиер лигата.

Алкантара имаше 75 успешни додавања на полувремето, повеќе од сите играчи на Челзи во текот на целиот натпревар, но и најмногу што еден играч успеа да го постигне за 45 минути игра на кој било натпревар во Премиер лигата од сезоната 2003/04.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, навивачите на „црвените“ беа многу задоволни од неговото претставување, толку многу што целосно заборавија на направениот пенал во 75-та минута.

Поврзани вести

Деле Али суспендиран за еден натпревар поради објава за коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Јунајтед е газда во Манчестер (ВИДЕО)

Џерард го чека синот на Хаџи

Румениге: Мора да го завршиме шампионатот по крајот на пандемијата

Премиер лига: 14 нови случаи на заразени со коронавирус

Креспо: Меси и да не го освои СП, тоа нема да ја намали неговата фудбалска големина