Фудбал

Англичаните губат 200 милиони фунти поради коронавирусот

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) е организација под чие покровителство се Чемпионшип и другите пониски лиги на Англија.

Рик Пери, првиот човек на ЕФЛ, верува дека фудбалските првенства мора да завршат до 31 јули, во спротивно клубовите ќе имаат сериозни финансиски проблеми.

– Против некои работи не се може, но во наредните денови ќе треба да донесеме конечна одлука инаку ќе бидеме во целосен хаос. До крајот на септември ќе изгубиме 200 милиони фунти и клубовите ќе бидат во многу лоша состојба, додека некои ќе престанат да постојат, смета Пери.

Натпреварите без присуство на публика ќе бидат голем удар за екипите од пониските лиги кои зависат директно од продажба на билети.

Поврзани вести

Фудбалери на Ренова и Шкендија позитивни на Ковид-19

Игуаин и Сари склучиле пакт

Гвардиола му одговори на Бартомеу: Мој совет е да не зборувате многу, ќе се сретнеме ние во ЛШ

Никола Поповски

Гвардиола предложи револуционерно решение за густиот распоред во Англија

Влатко Зорба

Борусија Менхенгладбах над 30 години не биле во слична форма

Влатко Зорба

Уште еден Германец на Стемфорд Бриџ: Трансфер вреден 89 милиони фунти

Никола Поповски