Фудбал

Артуро Видал со лајк на Инстаграм го откри името на новиот клуб?

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал најверојатно ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.

Видал пристигна во каталонскиот клуб пред две години од Баерн, но не играше толку колку што очекуваше. Очигледно е дека во Барелона го „прешкртале“ Чилеанецот, затоа што се обидуваат да го вклучат во разни трансфери.

Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Видал не е заинтересиран да биде дел од трансферот на Миралем Пјаниќ или Лаутаро Мартинез, па тој самостојно ќе избере нов клуб доколку биде принуден да го стори тоа.

Во претходните денови имаше шпекулации дека Видал ќе се врати во Јужна Америка, односно Аргентина и дека ќе го исполни детскиот сон и ќе заигра во дресот на Бока Јуниорс.

Тој дополнително ги разгоре овие шпекулации ставајќи лајк на фотографија на Инстаграм на која се гледа во дресот на аргентинскиот гигант.

Дали Видал потврди на овој начин дека оди во Бока Јуниорс, останува да видиме.

Поврзани вести

Џерард раскажа за необична ситуација: Крвавев долу, а моите соиграчи се смееја…

Влатко Зорба

Предводникот на Јувентус прогласен за најсекси тренер во Серија А

Stefanija Kuzmanovska

Играчите на Рома не отпатуваа за Севиља (Фото)

Крос: Имам многу тоалетна хартија дома

Влатко Зорба

Челзи заинтересиран за Муса Дембеле

Влатко Зорба

Контролни мечеви во Анталија: Шкендија 3-3 со Рандерс, Работнички 0-0 со Томск

Никола Поповски