Фудбал

Атлетико и Барселона се договорија за Суарез

Атлетико и Барселона постигнаа договор – уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе го облече „црвено-белиот“ дрес на мадридскиот тим во следните 48 часа!

Веста најпрво ја објави добро познатата радиостаница „Кадена СЕР“, а информацијата ја проширија и други шпански медиуми, кои забележуваат дека Суарез ќе се пресели во Атлетико како слободен агент.

Сепак, Барса ќе добие пари во форма на проценти договорени од клубовите, додека самиот напаѓач ќе потпише двегодишен договор и ќе заработи девет милиони евра.

Да потсетиме, Суарез веќе беше гледан како нов напаѓач на Јувентус, бидејќи Роналд Куман не го сака на „Ноу Камп“, но трансферот пропадна заради скандал и измама на тестот на италијански јазик.

Поврзани вести

Рамос го помина Касиљас и стана рекордер по бројот на настапи за Шпанија

Влатко Зорба

Солскјер: Рашфорд ја прикажа најдобрата партија под мое водство

Влатко Зорба

Прекината победничката серија на Милан

Никола Поповски

Игало надвор од групата на Јунајтед заради коронавирусот

Многу клубови го сакаат Кавани, потврди неговата мајка

Александар Петровски

17-годишен бразилски талент го одбра Сити пред Барса

Никола Поповски