Фудбал

Азар аут до крајот на сезоната?

Еден Азар дефинитивно нема да ја памети добро својата прва сезона со тимот на Реал Мадрид, а „кралевите“ уште еднаш ќе бидат без својата клучна фигура долго време.

Синоќа против Леванте, Белгиецот доби нова повреда, која најверојатно ќе гоизвади од скоро сите натпревари до крајот на кампањата.

Клубот денес потврди дека тој добил скршеница на фибулата на десната нога и, иако тие не објавија колку долго нема да игра, предвидувањата се дека периодот нема да биде краток.

Според весникот „АС“, за ваквите повреди се потребни најмалку 2 месеци рехабилитација, што значи дека Азар ќе пропушти големдел од натпреварите што преостануваат, ако не и сите. Во најдобар случај, тој ќе се врати на почетокот на мај.

Тој сигурно нема да игра во осминафиналето на Лига на шампиони против Манчестер Сити и во дербито на Ла Лига против Барселона, што ќе се случи на 1 март.

Ова е втора голема повреда на сезоната на Азар, откако тој прпушти скоро 3 месеци поради проблем со глуждот и се врати едвај минатиот викенд против Селта.

Поврзани вести

Меси: Не би ги менувал трофеите со Барселона за светска титула со Аргентина

Maja_Serafimova

Солскјер за кризата: Среќа сега ќе има пауза за репрезентации

Влатко Зорба

Клоп: Кога размислувам за следната сезона, не размислувам за освојување на шампионатот

Милан може да го откаже трансферот на Ракитиќ поради високата плата

Лестер се запиша во историјата на Премиер лигата по победата од 0:9!

Влатко Зорба

Официјално: Реал Мадрид за 35 милиони евра го купи Бразилецот Рејниер од Фламенго