Фудбал

Азиските квалификации за СП 2020 одложени за 2021 година

Азиските квалификации за Светскиот куп во Катар беа одложени за следната година поради пандемијата на коронавирус.

Квалификациите требаше да се играат во октомври и ноември, но беа одложени за една година заради состојбата со пандемијата во многу земји.

Ова е втор пат квалификациите да бидат одложени, откако претходно беа закажани за март и април.

Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и ФИФА издадоа заедничка изјава во која се вели дека тие ќе продолжат тесно да соработуваат заедно за зачувување на здравјето на сите учесници.

Азиската Лига на шампиони треба да продолжи на 14 септември, а натпреварувањето е поделено на два дела, источно, кое ќе се игра во Малезија и западно – во Катар.

Поврзани вести

Поради расправија за дрес со нож прободен навивач на Милан

Гигс за победата над Сити: Најдобриот настап на Јунајтед во последните години

Влатко Зорба

Менхегладбах остана лидер во Бундеслигата по триумфот над Баерн (ВИДЕО)

Видал преговара со Манчестер јунајтед

Влатко Зорба

Лампард: Мурињо има напаѓачи, нека не претерува

Никола Поповски

Абрамович тајно поседувал права на играчи од други клубови

Влатко Зорба