Фудбал

Баерн го освои Купот на Германија

Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Баер Леверкузен со 4:2 во финалето на германскиот Куп, а по осмата последователна титула во лигата, го зедоа и трофејот во второто по важност фудбалско натпреварување во Германија.

Актуелните шампиони ја оправдаа улогата на фаворити на „Олимпискиот“ стадион во Берлин и ја исполнија желбата да ја завршат сезоната со двојна круна.

Левандовски на два пати, Алаба и Кимих беа стрелци за баварците, додека за „аспирините“ погодија Бендер и Хаверц.

Ова е нивниот дваесетти трофеј во историјата, со кој веднаш се пофалија на социјалните мрежи, потенцирајќи ја симболиката на бројот 20.

Поврзани вести

Феликс: Верувајте ми, против Ливерпул ќе биде многу тешко

Никола Поповски

Во мандатот на Клоп десет фудбалери на Ливерпул немаат пораз на „Енфилд“

Азар не верува дека може да го надмине Кристијано Роналдо по постигнати голови

Македонија на 68 место на ФИФА ранг листата

Maja_Serafimova

Меси: Се чувствував нападнато од Абидал, се мисли дека имам големо влијание и донесувам одлуки

Никола Поповски

Ливерпул е фаворит да потпише со Кулибали