СПОРТ Фудбал

Баерн го загуби Сане за две недели

Напаѓачот на Баерн Минхен, Лерој Сане ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на коленото. Веста ја објави тренерот на тимот Ханси Флик.

Сане минатата сезона се опоравуваше од повреда на десното колено додека играше за Манчестер Сити и таа сè уште предизвикува проблеми.

Крилниот напаѓач ќе го пропушти натпреварот од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд во среда и недела против Херта во Бундеслигата, како и натпреварите на Германија против Украина и Швајцарија за Лигата на нации.

Давид Алаба, кој страда од повреда на мускулот, исто така е под знак прашалник за мечот во среда со Дортмунд.

Поврзани вести

Икарди го избира Наполи?

Грчките клубови ќе бидат исфрлени од европските натпревари ако не ги почитуваат правилата

Лоши вести за фановите на Манчестер Јунајтед: Крај на сезоната за Рашфорд, го пропушта и ЕП

Артета позитивен за корона вирус

Влатко Зорба

Леброн: Сезоната не може да продолжи директно со плеј-офот

ЛШ: Лајпциг – Атлетико и Аталанта – ПСЖ во четвртфиналето

Влатко Зорба