Фудбал

Баерн ќе почека до крајот на сезоната да одлучи за Кутињо

Германскиот шампион Баерн Минхен нема да брза да го привлече Филипе Кутињо, и покрај добрите впечатоци што ги остави уште од почетокот на сезоната. Бразилецот игра позајмен на „Алијанц арената“ за тимот на Барселона.

Според угледниот германски весник „Билд“, Баварците ќе почекаат до крајот на сезоната за да донесат конечна одлука за случајот со нискиот техничар. Баерн го стори истото со Хамес Родригез, кој одигра две сезони во составот на Реал Мадрид, но на крајот Колумбиецот беше вратен во шпанската престолнина.

Оваа сезона Кутињо има шест гола и пет асистенции во Бундеслигата на 13 натпревари. Во Лигата на шампионите има постигнато еден гол и две асистенции. Тој постигна „хет-трик“ за време на викендот и направи уште две асистенции во победата од 6-1 над Бремен.

Поврзани вести

Солскјаер: Погба во аут до декември

Maja_Serafimova

ФИФА помага на Федерациите со по 500.000 долари

Влатко Зорба

Фудбалер на Ваљадолид ја прекршил самоизолацијата, па нападнал полицајци

Роџерс по поразот од Ливерпул: Горд сум на мојот тим

Влатко Зорба

Баерн Минхен шампион на Германија по 30-ти пат

Влатко Зорба

Гатузо: Можев да играм за Бока, но жена ми не ми дозволи

Влатко Зорба