Фудбал

Баерн Минхен шампион на Германија по 30-ти пат

Баерн (Минхен) е ново-стариот шампион на Германија! Хегемонот во Бундеслигата ја освои титулата по осми последователен и 30-ти пат вкупно по победата од 1:0 на гостински терен кај Вердер Бремен.

Роберт Левандовски го постигна својот гол бр.31 за да ја потврди доминацијата на баварските гиганти, кои го обезбедија првото место на две кола пред крајот на сезоната.

Тимот на Ханси Флик има 10 бода повеќе од втората Борусија (Дортмунд), која не може да го стопи заостанувањето во преостанатите три натпревари.

Успехот на „Везерстадион“ не беше лесен, иако Баерн имаше иницијатива на теренот. Левандовски постигна гол непосредно пред паузата, но во 79. минута Алфонсо Дејвис доби црвен картон, а во последните секунди од редовното време брилијантна интервенција на Мануел Нојер го спречи Јуја Осако да изедначи и да ги одложи прославите.

Поврзани вести

Солскјер по победата над Челзи: Ова е вистинскиот Манчестер Јунајтед

Maja_Serafimova

Видал преговара со Манчестер јунајтед

Влатко Зорба

Гвардиола: Моја желба е Меси да остане во Барселона

Влатко Зорба

Солскјер: Повикот за намалување на платите на фудбалерите поради пандемијата е неправеден

Влатко Зорба

Ибрахимовиќ: Велат дека сум стар и уморен, а јас всушност само се загревам

Влатко Зорба

Аргентинецот Паласиос потпиша петгодишен договор со Баер Леверкузен