Фудбал

Баерн му даде 8 гола на Шалке на отворањето на Бундеслигата

Како што ја завршија претходната сезона, така фудбалерите на Баерн ја започнаа новата. Моќно.

На отворањето на Бундеслигата, сопственикот на тројната круна, односно шампионот на Европа и Германија, како и освојувачот на домашниот куп, го понижи Шалке – 8:0.

Дебаклот на гостите од Гелзенкирхен, кој подоцна ќе се покаже како троен стрелец, ја најави Гнабри во 4-та минута. И, потоа, головите постојано доаѓаа, па тимот на Шалке едвај чекаше крај за срамот да не се прошири на двоцифрениот број на „топки“ во мрежата на Фриман.

Гнабри постигна голови уште во 47-та и 59-та минута, додека во листата на стрелците се запишаа и Горецка во 19-тата минута, Левандовски во 31-та минута од пенал, Милер во 70-тата, Сане една минута подоцна и Мусала во 81-та минута.

Поврзани вести

Договор во Премиер лигата: Да се одиграат сите 92 натпревари до крајот на шампионатот

Влатко Зорба

Поранешен играч на Барса и уште седум соиграчи одбиле намалување на платите, а клубот им врачил отказ

Роналдо веќе размислува за иднина надвор од фудбалот

Влатко Зорба

Италијанската влада ќе ја откаже сезоната, ако не се постигне договор со фудбалската федерација

Сане е нов играч на Баерн, веќе го облече дресот

Влатко Зорба

Солскјаер пред мечот со Вулверхемптон: Потребна е позитивна реакција по поразот од Арсенал