Фудбал

Баерн со 13-та победа по ред во ЛШ, Интер со ново реми

Европскиот клупски шампион Баерн (Минхен) ја оствари 13-тата последователна победа во Лигата на шампионите и втора во групата „А“, откако со 2:1 победи како гостин во Локомотив (Москва).

Баварците рано поведоа по голот на Леон Горетцка во 13-тата минута, а потоа ја погодија гредата и промашија уште една чиста позиција.

Во поголемиот дел од второто полувреме, сепак тимот на Ханси Фликс играше опуштено и „железничарите“ го искористија ова и израмнија во 70-тата минута, по што имаа две шанси дури и да го свртат целосно резултатот.

Сепак, Баерн успеа да постигнеуспех и да ја продолжи серијата победи по убавиот погодок на Џошуа Кимих на 20 минути пред крајот.

Интер пак запиша второ последователно реми во групната фаза од Лигата на шампионите. „Нероазурите“ одиграа 0: 0 на гостувањето во Киев кај Шахтјор и нивната ситуација во групата изгледа прилично комплицирана, со оглед на тоа што ќе имаат два меча со Реал Мадрид.

Екипата на Антонио Конте доминираше во текот на целиот натпревар, а поголема предност имаа во првото полувреме.

Сепак, Италијанците не ги реализираа своите позиции. Лукаку и Барела погодија греда, а по паузата Лаутаро Мартинез направи големо промашување.

Поврзани вести

Милер го продолжи договорот со Баерн до 2023 година

Лампард: Знам дека Кепа е во центарот на вниманието, но тој не е единствен виновник за нашите неуспеси

Никола Поповски

Пике се гордее со Барселона која искажа поддршка за политичарите од Каталонија

Влатко Зорба

Роналдо е вториот играч во светот со 100 гола за националниот тим

Влатко Зорба

Анчелоти води преговори со Евертон

Премиер лигата ќе продолжи само под еден услов

Влатко Зорба