Фудбал

Барса се уште должи 95 милиони за Кутињо

Барселона, како фудбалски клуб, допрва треба да расчисти долг од околу 100 милиони евра во врска со рекордниот трансфер на Филипе Кутињо во јануари 2018 година. Интересно е што сума нема да легне на контото на неговиот поранешен фудбалски клуб – Ливерпул.

Бразилскиот играч од средниот ред разочара многу навивачи на Мерсисајд со неговата упорна желба да го оствари неговиот сон и да заигра на „Камп Ноу“. Сепак, Ливерпул го искористи максимумот од овој факт, откако Кутињо стана најскапиот трансфер за „блаугранас“ со договор вреден 142 милиони евра.

Кога Барса ги објави своите финансиски извештаи, стана јасно дека заклучно со 30 јуни годинава, клубот му должел на Ливерпул 94,6 милиони евра. Од таа сума, 27,9 милиони доспеваат до крајот на оваа сезона, а преостанатите 66,7 милиони не се прецизирани.

Како и да е, според „Ливерпул Еко“, „црвените“ веќе добиле голем дел од оваа сума и во моментов го се трансферот на последните 5 милиони евра. Останатите 155 милиони се потрошени за играчи како Вирџил ван Дијк и Алисон Бекер.

Тековните извештаи на Барса посочуваат дека наведениот долг на клубот за трансакцијата останува на сила.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул ги продаде своите побарувања во корист на финансиска институција“, забележува Барселона во својот извештај за сезоната 2018/2019.

Ова значи дека компанија префрлила 90 милиони евра на Ливерпул за да може да ја побара конкретната исплата од Барселона.

Поврзани вести

Претседателот на Атлетико: Ако Меси повторно сака да игра со Суарез, нека каже!

Александар Петровски

Фудбалски меч заврши со резултат 0:37, за сè виновен коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на ПСЖ обвинет за криминал и поткуп

Никола Поповски

Агуеро го пропушта дербито против Манчестер Јунајтед

Во Јунајтед користеле неконвенционален метод за развој на Роналдо

Влатко Зорба

Венгер: Гвардиола ќе биде многу разочаран

Влатко Зорба