Фудбал

Барселона го победи Јуве во Торино, „црвените ѓаволи“ му пукнаа „петарда“ на Лајпциг

Барселона победи со 2-0 на гостувањето кај Јувентус во големото дерби од групата „Г“ од Лигата на шампионите.

Осман Дембеле ги доведе гостите во водство во 14. минута, а во 90. Лео Меси беше прецизен од пенал за да го формира конечниот резултат. Успехот на Каталонците можеше да биде далеку поголем ако не беа бројните пропусти пред голот на Војчех Шчесни.

Италијанскиот шампион постигна три гола, дело на Алваро Мората, но сите три беа поништени поради офсајд. Генерално, победата на Барса беше целосно заслужена, а одбраната на „бјанконерите“ играше под каква било критика.

На табелата, Барселона има 6 бода, додека Јувентус останува со 3. Во следното коло на 4 ноември, Торино гостува кај Ференцварош, додека Динамо Киев ќе пристигне на „Камп Ноу“.

Манчестер Јунајтед продолжи со својот силен учинок и забележа нова победа во Лигата на шампионите, сега со чисти 5-0 против РБ Лајпциг на домашен терен. Така, „црвените ѓаволи“ веќе имаат 6 бода во групата „Х“, додека Германците остануваат со 3.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер повторно одиграа силно и заслужено победија, Мејсон Гринвуд го отвори резултатот а Маркус Рашфорд влезе од клупата за да додаде уште 3 гола. Ентони Марсијал исто така релизираше, но од пенал.

Така, по понижувачките 1:6 од Тотенхем на почетокот на месецот, Јунајтед забележа 3 победи и реми на следните 4 натпревари на сите турнири, одржувајќи 2 суви мрежи, па подобрувањето е таму.

Резултати од 2 коло на ЛШ:

Група Е:
Краснодар – Челси 0:4
Севиља – Рен 1:0

Група Ф:
Борусија Дортмунд – Зенит 2:0
Бриж – Лацио 1:1

Група Г:
Ференцварош – Динамо Киев 2:2
Јувентус – Барселона 0:2

Група Х:
Истанбул Башакшехир – ПСЖ 0:2
Манчестер јунајтед – Р.Б. Лајпциг 5:0

Поврзани вести

Интер го казнува Видал за исклучувањето против Реал

Влатко Зорба

12-годишно дете обвинето за расизам за време на дербито Селтик – Ренџерс

Влатко Зорба

Премиер лигата нема да се врати до почетокот на мај

Гвардиола: Сити треба да го брка нивото на Ливерпул

Влатко Зорба

Челси и Лестер се договорија за Чилвел

Влатко Зорба

Одложени финалињата на Лигата на шампионите и Лига Европа!

Влатко Зорба