Фудбал

Барселона: Сетиен останува тренер и следната сезона

Тренерот Кике Сетиен ќе биде на клупата на Барселона и следната сезона, изјави првиот човек на каталонскиот клуб, Пеп Марија Бартомеу.

– Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите. Неговата намера е да остане тренер и следната сезона, а наша обврска е да се држиме до потпишаниот договор, изјави Бартомеу за шпанските медиуми.

Сетиен го замени Ернесто Валверде на клупата на Барселона во јануари, но игрите и резултатите на тимот не ги исполнија очекувањата на навивачите.

Барселона моментно е на втората позиција на табелата со еден бод помалку од најголемиот ривал, Реал Мадрид, кој има натпревар помалку, додека Каталонците во Лигата на шампионите очекуваат реванш од осминафиналето против Наполи.

Поврзани вести

Солскјер: Натпреварот против Ливерпул е совршен за нас

Влатко Зорба

Барселона се договори со Палмеираш за трансфер на Матеус Фернандеш

Рашфорд доби почесен докторат од универзитетот во Манчестер

Епидемиолози во Шпанија: Стадионите ќе се отворат последни

Мурињо стана прв тренер кој стигнал до елиминациската фаза во ЛШ со шест различни екипи

Фудбалер на Ваљадолид ја прекршил самоизолацијата, па нападнал полицајци