Фудбал

Барселона тргнува по Бернардо Силва

Бернардо Силва, еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити во изминатите две сезони, би можел својата кариера да ја продолжи во редовите на тимот на Барселона, јавуваат островските медиуми.

Вице-шампионот на Шпанија е многу заинтересиран за ангажирање на поранешниот играч на Монако.

Оваа сезона, за разлика од претходната, Силва имаше малку помалку минути во дресот на „граѓаните“, пред се во Премиер лигата, во која стартер беше на 23 одиграни натпревари.

Факт е дека тој не е задоволен во последно време и затоа Барселона чувствува дека имаат шанса да го убедат да се пресели на „Камп Ноу“.

Секако, важно е што размислуваат за тоа Пеп Гвардиола и останатите во Манчестер Сити, затоа што Бернардо беше избран за играч на годината во Манчестер Сити во сезоната пред оваа.

Една од опциите на кои играат Каталонците е да го испратат Нелсон Семедо, играч за кого Гвардиола е многу заинтересиран, на „Етихад“ во замена за Силва плус пари.

Од друга страна, Силва, која се приклучи на Сити во 2017 година за 50 милиони евра, оваа сезона постигна осум гола со десет асистенции на 52 натпревари во сите натпреварувања.

Поврзани вести

Џонс и Туанзебе аут за Јунајтед за дербито со Тотенхем

Влатко Зорба

Премиер лига: Црвен картон за кашлање кон противникот ?!

Влатко Зорба

Иличиќ се запиша во историјата на ЛШ откако постигна пет гола на два меча од осминафиналето со Валенсија

Ноер го напушта Баерн и оди во Јуве?

Влатко Зорба

Дали Покетино ќе го преземе кормилото на Јунајтед?

Никола Поповски

Зидан: Најдобриот тренер на светот моментално е во Англија

Никола Поповски